Русија-доживотен затвор за 5-мина неонацисти

Судот во Русија го осуди на доживотен затвoр водачот на руската нео-нацистичка група којa е обвинета за убиството на 27 млади луѓе во 2007 и 2008 година. Судијата на изрекувањето на пресудата рече дека водачот Лев Молотков преставува опасност за руското општество. Судот, исто така, на доживотен затвор осуди и четири од неговите 12 соработници. Останатите се осудени на казни затвор од 10 до 23 години. Еден член на групата доби условна казна за соработка во истрагата. За времe на судењето обвинетите извикувaле неонацистички и антисемитски слогани и постојано им се потсмевале на судиите.