Охрид под силен полициски надзор за лидерите од регионот

Охрид

Охрид под силен полициски надзор е домаќин на третиот по ред самит на претседателите на Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора. Ѓорге Иванов Бамир Топи , Атифете Јахјага и Филип Вујановиќ и ќе разговараат за интеграцијата во НАТО и ЕУ , за јакнењето на демократските и реформските процеси, зголемување на економската соработка и поттикнување на регионални инвестиции, инфраструктурно и енергетско поврзување, како и за прекуграничната соработка во борбата против криминалот. Од МВР соопштија дека преземаат повеќе неопходни мерки и активности со цел безбедно одвивање на планираните средби.
Заради безбедно движење на делегациите и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето на возила .Првата средбата од овој формат беше одржана во Валона, Албанија, а минатата година, втората се одржа во Призрен, Косово.