Топол бран го зафати Балканот

Сараево

Топол бран го зафати целиот регион на Балканот, а населението на разни начини се обидува да пронајде спас од многу високата температура на воздухот. Грчкиот национален метеоролошки центар соопшти денеска дека температурата ќе достигне до 39 степени. Тропски бран ја зафати и Хрватска носејќи со себе и човечки жртви. Хрватските медиуми јавија дека во поширокиот регион на Задар последните денови забележани се осум, а во источна Славонија каде температурите во просек се најголеми, уште три жртви. На удар е и Босна и Херцеговина, но според податоците од службата за итна помош за сега нема поголеми проблеми затоа што граѓаните воглавно се придржуваат на упатставата на лекарите. Слично е и во Црна Гора каде вчера беше најтоплиот ден во последните 50 години. Главниот град на Србија, Белград со измерени температури од 37 Целзиусови степени, вчера во 15 часот бил најтопол град во Европа.