Шеснаесет години од масакарот во Сребреница

Ковчезите со телата кои треба да бидат погребани денеска

Илјадници луѓе денеска присуствуваат на одбележувањето на 16 годишнината од масакарот во Сребреница. Роднините на жртвите им одаваат почит во меморијалниот центар Поточари каде се погребани останките на повеќе од 4.000 жртви. Денеска треба да бидат погребани уште 613 тела. На 15 јули пред 16 години во Сребреница се убиени околу 8.000 мажи и момчиња. Масакрот во Сребреница е најлошото злосторство во Европа, по втората светска војна. Пред речиси еден месец беше уапсен командантот на босанските Срби Ратко Младиќ. Тој и неговиот шеф Радован Караџиќ се обвинети од Хашкиот трибунал за геноцид, поради нивната улога во масакарот во Сребреница.