Уапсени шефовите на фудбалските клубови „Трабзон“ и „Фенербахче“

Турската полиција денеска ги уапси претседателите на фудбалските прволигаши „Трабзон“ и „Фенербахче“,под обвинение за местење фудбалски натпревари. Досега во големата истрага поради корупција во турскиот фудбал се приведени 26 луѓе, кои чекаат судење. Меѓу уапсените се и поранешниот претседател на Турската фудбалска федерација Махмут Озгенер, како и голманот на „Анкарагучу“, Сердар Кулбилг. Вредноста на акциите на „Фенербахчe“ минатата недела нагло падна, бидејќи се очекува да биде донесена одлука за одземање на титули на овој клуб.
Акциите на „Трабзон“ на почетокот на минатата недела се зголемија, во очекување титулата да му биде доделена на овој клуб, но нивната вредност по апсењето на Сенер се намали за 5,5 проценти.