Нема надеж за преживеани од потонатиот брод во Волга

Спасувачки екипи

Од руското министерство за итни ситуации соопштуваат дека речиси и не постои надеж да се пронајдат преживеани, од потонувањето на патничкиот брод во Волга. Министерот Сергеј Шоигу изјави дека на бродот кој потона вчера во близина на главниот град на Татарстан, Казан, се превезувале повеќе од 208 патници. По потонувањето 80 луѓе веднаш биле спасени. Досега се извадени 13 тела, а повеќе од 100 тела се се уште заробени во потонатиот деле од бродот. Помеѓу нив половината биле деца.