Рација на сириските сили во Хомс

Активистите јавуваат дека сириските сили убиле нејмалку еден цивил, додека дваесетина други биле повредени за време на синоќешната рација во градот Хомс во централниот дел на земјата. Притоа се додава дека ова било најголема рација откако пред два месеца почнаа протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад. Претходно сириската влада соопшти дека почнала разговори со опозицијата. Сепак на тркалезната маса, како што јавуваат агенциите, не биле поканети клучните опозиционери и активисти.