Во самоубиствен напад во Пакистан, неколкумина загинати

Во денешниот самоубиствен напад за време на еден политички собир во северозападен Пакистан загинале најмалку пет луѓе, додека над 20 биле ранети. На собирот требаше да учествува и министерот без ресор Амир Мукам, но, според очевидци, тој за време на експлозијата не бил таму. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.