Дрвениот мост на Црн Дрим замина во историјата

Струга

Дрвениот мост на реката Црн Дрим во Струга, замина во историјата. Денеска заврши демонтирањето на повеќе од 60 години стариот мост . На крајот на летото на местото од стариот мост ќе започне изградбата на нов, кој според изгледот ќе се разликува од стариот. Ќе биде рамен, а покрај пешаци, преку мостот ќе можат да поминуваат и возила со приоритет, како брза помош, полиција и против пожарна служба. Изградбата на новиот мост на Црн Дрим општина Струга ќе ја чини 150 илјади евра