ОБСЕ бара Белорусија да ги ослободи демонстрантите

Парламентот на ОБСЕ, денеска побара Белорусија да ослободи повеќе од 400 луѓе уапсени за време на неодамнешните анти-владините протести. На парламентарната седница на Организацијата за безбедност и соработка во Европа каде и Белорусија е членка, се изгласа посебна резолуција за ослободување на сите луѓе уапсени за време на демонстрациите. ОБСЕ , исто така, повика Белорусија да соработува со Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите за да се реши проблемите со заканите за затворање на независните медиуми. Белорусија ја затвори канцеларијата на ОБСЕ во Минск и одби да ја пушти мисијата на ОБСЕ да ги утврди фактите.