Претседателот Иванов домаќин на регионална лидерска средба

Претседателот Ѓорѓе Иванов на средба со албанскиот претседател Бамир Топи

Претседателот Ѓорге Иванов утре и задутре ќе биде домаќин на третата регионална лидерска средба што ќе се одржи во Охрид. На средбата ќе присуствуваат претседателите на Албанија Бамир Топи, на Црна Гора Филип Вујановиќ и на Косово Атифете Јахјага. Лидерите ќе зборуваат за регионалната соработка, европските вредности, визијата за иднината. Во Охрид шефот на македонската држава ќе покрене и предлог доколку се појави ургентна потреба, и по примерот на земјите членки на ЕУ, претседателите од регионот, да се среќаваат почесто, а не само еднаш годишно. Регионалната лидерска средба, останува отворена и за сите други земји од регионот, вклучувајќи ги Грција и Србија, соопштуваат од Кабинетот на Иванов.