Продолжуваат протестите во Египет

Протести во Каиро , 8 јули

Стотици демонстранти продолжуваат со протестите во различни делови на Египет, затоа што владата не ги исполнила нивните барања. Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува, „Оставки за премиерот и за министерот за внатрешни работи“. Демонстрантите во Суец се заканија дека ќе го блокираат Суецкиот канал.
Протестите се одржуваат и покрај одлуката на премиерот Есам Шараф да ги суспендира сите полицајци обвинети за убиство на демонстранти за време на протестите против Хосни Мубарак. Тогаш 846 луѓе загинаа во нередите , а повеќе од 6.000 беа повредени.