Петреус-милитантите напаѓаат помалку за разлика од лани

Генерал Дејвид Петреус

Командантот на американските сили во Авганистан, генерал Дејвид Петреус, изјави дека милитантите оваа година извршиле помалку напади врз странски и авганистански сили во споредба со истиот период минатата година. Петреус рече дека нападите се намалиле за неколку проценти во мај и јуни, кои се сметаат за време кога традиционално започнуваат борбите. Но командантот соопшти дека се зголемиле нападите предизвикани од рачно изработени екплозивни направи. Петреус на местото командант на американските сили ќе остане уште една недела, а од септември ќе виде шеф на ЦИА