Авганистан и Пакистан ќе го надминуваат граничниот спор

Воени преставници на Авганистан и Пакистан се согласиле да разговараат на високо ниво за да се разреши спорот околу прекуграничните
напади, соопштуваат од авганистанското министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека воени преставници од двете земји и преставници на САД се сретнале денеска во северозападниот пакистански град Пешавар.Најмалку 10 луѓе загинале во последниве недели околу границата меѓу Авганиста и Пакистан.