Референдум за обединување на Кипар на почетокот на 2012

Ахмет Давутоглу

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека референдумот, на кој треба да се провери јавната поддршка за обединување на Кипар, може да биде организиран на почетокот на следната година.Тој изјави дека ако се спроведе планот Кипар ќе може да го преземе претседателството со Европската унија како нова држава, која ќе го претставува целиот остров. Давутоглу имал заедничката прес-конференција со претседателот на Северен Кипар, Дервиш Ероглу.
Кипар е поделен од 1974 година на меѓународно признатиот кипарски грчки дел и на отцепениот северен турски дел