Панета - На дофат е поразот на Ал Каеда

Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета, изјави дека е на дофат стратешки пораз на Ал Каеда. Панета денеска е во посета на Авганистан. Тој изјави дека клучно за поразот е што по убиството на Бин Ладен ги идентификувале некои од главните фракции на Ал Каеда и во Пакистан и во Јемен и во други области. Панета вели дека ако успешно следат што се се случува со фракциите, ќе успеат да ги поткопаат нивните планови. Панета на 1 јули ја презеде функцитаа секретар за одбрана. Тој во Кабул ќе разговара со аваганистанскиот претседател Хамид Карзаи за планот авганистанските сили постепно да ја преземат од НАТО грижата за безбедноста ва земјата.