Македонија и Црна Гора го парафираа договорот за екстрадиција

Министерот за правда Михајло Маневски

Македонија и Црна Гора денеска го парафираа договорот за екстрадиција. Вчера земјата го стори истото со Хрватска, додека договорот со Србија треба да се парафира на почетокот на септември годинава. Тоа ќе овозможи сторителите на тешки кривични дела, на организираниот криминал, на тешки злосторства, на корупцијата и перењето пари никаде да немаат мир и секогаш да бидат на дофат на правдата, изјави министерот за правда Михајло Маневски.