Матурантите добиле 3,3 средна оценка на државната матура

Просечната оценка што ја постигнале матурантите на државната матура годинава изнесува 3,3, соопшти министерот за образование Никола Тодоров. Тоа е најдобар резултат во однос на постигнатите во изминатите години, 2009 кога средната оценка беше 3,1 и 2010 кога изнесуваше 3. Државната матура не ја положиле единаесет проценти од учениците, односно имаат единица барем по еден предмет. За следната година министерот за образование најави промени во полагањето државна матура за подобрување на нејзиниот процес при што ќе се направел обид да се имплементира систем за електронско полагање. На тој начин, ќе се намалел субјективизмот во оценувањето и трошоците за реализација на државната матура кои годишно изнесуваат од 23 до 25 милиони денари.