Пакистан - Во Карачи повеќе од 90 жртви за една недела

Во политичките насилства во пакистанската област Карачи загинале над 90 луѓе, соопштуваат официјалните власти. Меѓу загинатите има и деца. Локалните власти велат дека повеќе од 100 луѓе се уапсени затоа што учествувале во насилствата меѓу две етнички заедници.