Авганистански војник убил 2-ца припадници на НАТО

Двајца војници на НАТО загинале, а тројца се повредени денеска во авганистанската провинција Пањшир кога припадник на авганистанската разузнавачка служба почнал да пука во воената база каде биле сместени војниците. Агентот на авганистанската служба потоа бил убиен од војниците на НАТО, соопштуваат од локалната полиција Од ИСАФ мисијата на НАТО потврдија дека имало пукање во провинцијата Пањшир, дека во инцидентот имало и жртви, но други коментари не се достапни.