Србија е подготвена на договор за учество на Косово на регионални собири

Вук Јеремиќ

Србија се придржува на принципиелниот став дека неможе на едностран начин да се менува форматот на регионалните собир со учество на претставниците на Косово, но е подготвена на договор по ова прашање, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.
- „Учеството на косовските претставници мора да биде во согласност со виоспоставената пракса и усвоените документи и нивното еднострано менување е неприфатливо“, рече Јеремиќ.
Тој најави дека прашањето за учеството на косовските претставници на регионалните собири „во еден момент ќе биде и дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина“.