Шатлот Атлантис ја започна својата последна вселенска мисија

U.S. -- Space Shuttle Atlantis is seen on the pad at the Kennedy Space Center at Cape Canaveral, Florida, 07Jul2011

САД попладнево во Кејп Канаверал го лансираа Атлантис во последната Шатл мисија по што ке ја затворат оваа вселенска програма.
Летот до Вселенската Меѓународна Станица ке трае 12 дена.
Во Атлантис се наоѓаат 4 астронаути. Стотици илјадици лица во Кејп Канаверал и 45 илјади поканети гости, го испратија Атлантис во последната мисија за снабдување на Вселенската станица.
Парите, околу 4 милијарди долари годишно, од оваа програма ќе се пренаменат за развој на вселенско летало кое ке лета надвор и во близина на земјината орбита.