Собранието во вторник ќе ги избере потпретседателите

Во вторник Собранието на Република Македонија треба да ги избере потпретседателите на Парламентот и се очекува да ги верификува мандатите на двајца нови пратеници по оставките на мандатарот Никола Груевски и Горан Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Сузана Анова и Стевче Трпковски, според Државната изборна комисија, се двајцата нови пратеници кои ќе седнат во собраниските столчиња.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата вчера ги утврди предлозите Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ и Сузана Салиу од ДУИ да бидат тројцата потпретседатели на Собранието. Првпат Парламентот ќе има две жени потпретседатели, а Салиу е првата жена Албанка што ќе биде на оваа функција.