Истамбул повторно во обид да стане домаќин на Олимпијада

Истанбул пo 5 ти пат ќе се обиде да ја добие организацијата на Олимписките игри, откако денеска потврди дека ќе се кандидира за улогата на домаќин на Летните олимписки игри во 2020 година, соопшти денеска претставникот на Меѓународниот олимписки комитет Ричард Карион.
Истанбул е вториот град по Рим кој најави кандидатура за организација на ЛОИ 2020, а рокот за поднесување на официјалните пријави е 1 септември.
Меѓу заинтересираните градови се и Мадрид, кој на изборите за организација на ЛОИ 2016 година изгуби од Рио де Жанеиро, а се спомнува и Токио.
Одлуката за град домаќин на ЛОИ 2020 ќе биде донесена во 2014 година.