Уапсен командирот на Копнената војска во Хрватска

По налог на Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал во Осиек денеска бил уапсен командирот на хрватската Копнена армија Младен Круљац. Тој е под сомневање дека учествувал во малверзации со градежно земјиште. Тој е највисок офицер на Хрватската војска, кој е уапсен досега.