Заложничка драма во Мичиген

Човек осомничен за убиството на седум луѓе во американската држава Мичиген држи еден заложник во стан во градот Гранд Рапидс. Осомничениот Родрик Дантцлер претходно ослободи еден заложник, откако куќата во која се наоѓа беше опколена од полицијата. Во еден стан во градот, претходно беа пронајдени 4 убиени, а во друг уште тројца. Се уште не се познати мотивите за убиствата.