Салех повика на дијалог на „сите фракции“ во Јемен

Протест за поддршка на претседaтелот Али Абдула Салех во Сана'а на 17 јуни 2011 година.

Јеменскиот претседaтел Али Абдула Салех го имаше првото телевизиско обраќање, откако претрпе сериозни повреди за време на нападот врз претседателската палата во почетокот на јуни. Во краткото обраќање на државната телевизија можеше да се забележат изгореници на неговото лице. Салех се обрати од воената болница во Саудиска Арабија каде што тој и другите функционери се лекуваат. Тој ги повика „сите фракции“ на дијалог и изрази подготвеност за поделба на власта во рамки на Уставот на Јемен.