Силна експлозија во воен склад во Tуркменистан

Силна експлозија синоќа одекна во воен склад во туркменистанскиот град Абадан. Силната експлозија ги уништила и куќите во близина, а туркменистанскиот сервис на РСЕ информира дека пожарникари и војници го евакуирале населението од градот. Абадан се наоѓа на околу 20 километри западно од главниот град на Туркменистан, Ашгабат. Се уште не се знае причината за експлозијата.