Белград бара ОН да спроведат истрага за трговијата со органи

Слики на исчезнати луѓе за време на војната во Косово

Белград побара ОН да спроведат итна истрага за тврдењата дека косовски бунтовници тргувале со човечки органи за време и по војната во 1999 година. Србија предложи резолуција на годишна конференција на ОБСЕ во Белград, во која бара „сеопфатна и независна“ истрага предводена од ОН за наводната трговија со органи. Во извештајот на Советот на Европа во декември се тврди дека бунтовници од Косово киднапирале претежно Срби и ги носеле во Албанија каде биле убиени, а нивните органи ги продавале на црниот пазар Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција предлагаат истрагата да се спроведе преку мисијата ЕУЛЕКС. Србија, Русија и Кина, пак сакаат ОН да ја предводат истрагата.