Мортоњи-решението за спорот за името се доближува

Јанош Мортоњи

Унгарскиот министер за надворешни работи Јанош Мартоњи изјави дека од македонска и од грчка страна во последните неколку месеци добил информации дека решението на спорот за името се наближува. Но Мартоњи вели дека спорот со името не е интелектуално прашање кое било кој може да се реши со креативна мисла, туку е политичко прашање и решението мора да биде во интерес на двете страни. Преговорите се одвиваат со посредство на ОН. Ниту ЕУ, ниту Унгарија не може повеќе да направи освен да ги охрабрува двете страни да го изнајдат заедничкото прифатливо решение, рече Мартоњи, одговорајќи на новинарски прашања. Ние не гледаме пречка за почнување на преговорите порано, но во исто време сме реалисти и заради тоа не го ставивме ова прашање како точка на дневен ред. Сметавме дека на дневен ред може да се најдат само такви прашања чија веројатност за добивање одговори е поголема , вели Мартоњи.