Македонија да ги реализира напорите за влез во ЕУ и НАТО посакала амбасадорката на Холандија Симоне Филипини на прошталната средбa со претседателот Ѓорге Иванов. Од Кабинетот на Претседателот соопштуваат дека двајцата соговорници изразиле благодарност за соработката и за унапредувањето на односите меѓу двете земји.