Шпанија-почнаа трката со бикови во Памплона, 4-ца повредени

Најмалку четворица се повредени во трките со бикови во шпанскиот град Памплона. На првиот ден од годишните трки со бикови, денеска по улиците на градот се пуштени 6 бикови. Илјадници тркачи, облечени во традиционална бела облека и со црвени марами околу нивните вратови учествуваат на трките. Традиционалниот фестивал ќе трае до 14 јули.