Јакимовска, Макрадули и Салиу предлози за потпретседатели на Собранието

собрание дебата

Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ и Сузана Салиу од ДУИ се предлози на пратеничките групи за потпретседатели на Собранието. Kомисијата за прашања на изборите и именувањата освен за потпреседателите, треба да разговара и за Предлог-одлука за избор на претседатели, заменици претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието Покрај тоа треба да се утврди и Предлог-одлука за избор на претседател, членови и заменици членови на делегацијиите на Собранието во Советот на Европа , во НАТО, во ОБСЕ, во Парламентарната димензија на Централно - европската иницијатива и во Парламентарното собрание на Медитеранот. Бидејќи рокот за доставување барања за апанажа завршува на 25 овој месец, предложено е оваа точка да не биде разгледувана на денешната седница.