Грузија-уапсени фоторепортери за шпионажа

Во Грузија денеска се уапсени четворица фоторепортери, меѓу кои и личниот фотограф на претседателот Михаил Саакашвили. Фоторепортерите се осомничени дека шпионирале за странски разузнавачки служби, и дека работеле против интересите на Грузија. Уапсени се фоторепортер кој работел за европската пресфото агенција, едниот за Асошиејтед прес, еден фриленсер, и претседателскиот фотограф и неговата сопруга. Од Асошиејтед прес велат дека нивниот фоторепортер бил ослободен веднаш без обвиненија.