Уапсени демонстранти во Белорусија

Демонстрантите протестираат со ракоплескање

Најмалку 100 луѓе се уапсени во Белорусија поради учество во опозициските протести на улиците во Минск и неколку други градови низ земјата, соопштуваат активисти за заштита на човековите права. Според организацијата за заштита на човековите права „Весна“ на протестите присуствувале илјадници луѓе кои се организирале преку социјалните мрежи. Белорускиот севрис на Радио Слободна Европа јавува дека протестите се под големо полициско обезбедување и дека полицајци приведувала луѓе меѓу кои и неколкумина новинари пред самиот почеток на протестите.