Египет негира дека е извор на Ешерихија Коли

Египет негираше дека од земјата потекнува смртоносната бактерија ешерихија коли која однесе десетици животи во Европа. Пред два дена европскитот совет за безбедност на храната соопшти дека семе од растение од Египет е најверојатниот причинител на бактеријата која предизвика труење со храна во Германија и Франција. Но египетскиот министер за земјоделство Ајман Абу Адид рече дека тестовите на семето покажале дека семенките не се контаминирани.