Фејсбук и Скајп возвратија со удар на Гугл плус

facebook

Социјалната мрежа Фејсбук од денеска ќе почне со воведување на услугата видео разговор кој ќе овозможи бесплатно телефонирање во рамките на Скајп мрежата. Извршниот директор и основач на Фејсбук Марк Цукерберг изјави дека потпишал договор за партнерство со Скајп кој ќе овозможи интеграција на двете компании. Тој додава дека најдобриот дел и од договорот е во тоа што корисниците на ФБ со едноставно инсталирање на додаток за 30 секунди ќе можат да го користат својот Скајп во рамките на ФБ. Овој договор следува откако интернет гигантот Гугл ја покрена својата друштевна мрежа „Гугл Плус“ со која може да се користи услугата видео разговор преку „Гугл ток“. Корисниците на Фејсбук ќе може да ја користат оваа апликација за неколку недели.