Авганиснат-во авионската несреќа загинале 9 луѓе

Архива

Девет луѓе загинaле во авионската несреќа на товарен авион кој се урна во Авганистан, соопштија од авганистанското минитерство за транспорт. Авионот во сопственост на приватна авио-компанија од Азербејџан се урнал изутрината во планинскиот дел во североисточниот дел на Авганистан. Се уште не се знаат причините за несреќата. Авионот од руско производство синоќа полетал од Баку, и носел 18 тони продукти за воените сили на НАТО и на САД во Авганистан.