Унгарија-Македонија да го реши спорот ако сака влез во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и премиерот Никола Груевски на прес-конференција во Скопје

Унгарија продолжува со поддршката на процесот за проширување на ЕУ кон земјите од Западен Балкан, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Јанош Мартоњи. Тој вели дека е потребно да се најде решение за името, ако Македонија сака реално да започне преговори со ЕУ, затоа што за тоа е потребна едногласна одлука од сите земји-членки на ЕУ. Денеска и унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати меморандум до сите земји-членки на ЕУ, претседателите на Европската комисија и на Европскиот парламент, во кој тој ги дава унгарските видувања на процесот за проширување за земјите од Западен Балкан со конкретни предлози, во кој има и дел кој е посветен на евроинтегративните процеси на Македонија.