Белорусија -опозицијата ќе продолжи со протестите

Полицијата приведува демонстрант

Лидерот на опозицијата во Белорусија денеска соопшти дека ќе продолжат со протeстите поради економската криза во земјата, и покрај владините обиди да ги задушат. Владимир Неклејев лидерот на движењето„Кажи ја вистината“изјави дека финанската криза во земјата ги зближи луѓето заедно да се борат за подобри стандарди. Земјата се наоѓа во тешка економска криза која допринесе за девалвација на домашната валута за 36 проценти. Белорусија за излез од кризата бара заеми во вредност од милијарди долари. Групите за човекови права велат дека најмалку 140 луѓе се осудени по новиот бран на масовни апсења по протестите низ Белорусија во неделата.