Иванов домаќин на Третата регионална претседателска средба

Претседателот Ѓорѓе Иванов на средба со албанскиот претседател Бамир Топи

Претседателот Ѓорге Иванов на 11 и 12 јули во Охрид ќе биде домаќин на Третата регионална претседателска средба на која ќе присуствуваат претседателите на Албанија Бамир Топи, на Црна Гора Филип Вујановиќ и на Косово Атифете Јахјага. Од Кабинетот на претседателот соопштуваат дека на средбата меѓу другот ќе се разговара за ЕУ и НАТО интеграциите, за јакнењето на демократските и реформските процеси и зголемена економска соработка . Првата средба во ваков формат беше одржана во Валона, Албанија, во 2009 година, додека втората беше во Призрен, Косово, минатата година.