Ахмадинеџад -нема поделба на Универзитетите

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска го критикуваше новиот план за поделба на Универзитетите по пол. Тој изјави дека тие плитки акции треба да се спречат веднаш. Верски радикали упатија барање Универзитетите да се поделат на Универзитети за мажи и на Универзитети за жени. Ахмадинеџад до министрите за образование и за здраство упати барање да не се дозволува такво нешто.