Ќе ги пушти ли Пакистан роднините на Осама бин Ладен?

Пакистанската комисија која го истражува американскиот напад во кој во Аботабад беше убиен Осама бин Ладен побара од владата да ги спречи родните на убиениот лидер на Ал Каеда да ја напуштат земјата.
Не е јасно дали моќната пакистанска безбедносна служба ќе одговори позитивно по индикациите дека властите сакале да пуштат една од трите жени на бин Ладен, кои со децата се затворени, да отпатува за родниот Јемен.