Ослободен капетанот на американскиот брод за Газа

Грчкито суд го ослободи денеска притворениoт капетан на америкaнскиот брод кој е дел од флотилата за појасот Газа. Капетанот беше уапсен затоа што се обиде да исплови од пристаништето, иако Грција им забрани на бродовите да ја напуштат територијата. Грчкото министерство за надворешни работи се понуди тие наместо активистите да ја достават планираната помош за Газа. Израел воведе блокада на појасот во 2007-та, откако Хамас ја зазеде Газа.