Бугарските медиуми го бојкотираат премиерот

Бојко Борисов

Над 30 илјади луѓе на Фејсбук се приклучија на иницијативата „Ден без Бојко Борисов“, која трае во текот на денешниот ден. Според иницијативата бугарските медиуми денеска не треба да го споменуваат името на премиерот Бојко Борисов, туку своето внимание да го насочат кон важни теми за општеството.
Неколку дена претходно, премиерот Борисов иницијативата ја оцени за глупост и дело на платеници.