Легард од денеска почна со работа како шеф на ММФ

Кристин Лагард

Поранешната француска министерка за финансии Кристин Лагард,денеска официјално почна со работа како шеф на Меѓународниот монетарен фонд со седиште во Вашингтон. Таа е првата жена на чело на компанијата.
Лагард доаѓа на местото на Доминик Строс-Кан откако тој поднесе оставка на позицијата во мај годинава , по обвиненијата за сексуално малтретирање. Минатата недела, 24-члениот одбор на ММФ ја избра Лагард по пат на консензус. Таа ќе заработува плата од 467.940 долари годишно плус додаток за животни трошоци од 83.760 долари годишно.