Македонија и годинава повеќе увезува, одошто извезува

Обемот на стокова размена на Македонија со странство во првите пет месеци од годината изнедува повеќе од 4 милијарди долари. Извозот на стоки од Македонија изнесува повеќе од 1 милијарда и 700 милиони долари а увозот над 2,8 милијарди долари, покажуваат податоците на Заводот за статистика. Од земјава најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивните соединиеија, фероникел, производи од железо и челик , облека и преработки од нафта. А најмногу се убезувало платина и легури на платина, сурова нафта, моторни возила и струја. Земјава најмногу извезувала во ЕУ и земјите од Западен Балкан,а увезувала исто така од ЕУ. Македонија најмногу тргува со Германија, Русија, Велика Британија, Србија и Бугарија.