Состанок на министрите за здравство на ЕУ

Во Сопот, Полска се одржува дводневен состанок на министрите за здравство на Европската унија на кој, меѓу другото, ќе расправаат и за бактеријата ешерихија коли од која досега починале над 50 луѓе, најмногу во Германија. Загриженоста повторно се интензивира откако во почетокот на месецов во Чешка оваа бактерија беше откриена во пластични шишиња со минерална вода од Карлови Вари.