Венизелос: Грција ќе се справи со кризата

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос изјави дека Грција ќе успее да се справи со кризата, бидејќи тоа е од особено значење не само за неа, туку и за стабилноста на еврозоната и на светската економија. ,,Грција со помош на Европската унија и обновената решителност планира да се врати на пазарите во 2014 година,, најави Венизелос, наведувајќи дека негов приоритет се приватизацијата и реформите на даночниот систем. Тој ги отфрли тврдењата на опозициската Нова Демократија дека Владата ги прикрила вистинските мерки за штедење.