Ново обвинување против Строс Кан за силување

Тристан Банон

Француската писателка Тристан Банон се очекува денескa и официјално да го тужи порaнeшниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс Кан за обид за силување. Таа изјави дека тоа се случило кога пред осум години отишла во неговвиот апартман во Париз за да го интервјуира. Адвокатот на Строс Кан веднаш најави тужба против 32 годишната писателка за лажно обвинување. Во минатата недела Строс Кан беше ослободен од домашен притвор во Њујорк откако обвинителите се посомневаа во кредибилитетот на собарката во еден хотел која го обвини дека сакал да ја силува.